Свет
27. July 2016 - 17:34

Кремљ: Русија не се меша во предизборната кампања во САД

Кремљ демантира дека се меша во предизборната кампања во САД.

- Претседателот Путин неколкупати изјавил дека Русија никогаш не се мешала и не се меша во внатрешните работи на друга држава, посебно во изборните процеси, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Неговата изјава уследи откако американскиот претседатал Барак Обама изјави дека не ја исклучува можноста Русија да се обидува да влијае врз претседателските избори во САД во корист на републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

- Во Москва внимателно се избегнуваат секакви акции, секакви изјави, кои би можеле да се протолкуваат како директно или индиректно мешање во изборниот процес, посочи Песков.

Обама не ја исклучи и можноста кибер нападот врз серверот на Националниот комитет на Демократската партија да го извршиле руски хакери, со цел да се влијае врз резултатите од претседателските избори во САД.

Песков наведе дека кога се зборува за некакви сомнежи тие треба да бидат точни и конкретни, како и дека руски власти повеќепати демантирале вмешаност на Москва во предизборните скандали во САД.

- Во исто време гледаме дека руската карта е омилена за сите политичари во Вашингтон за време на предизборната кампања, којха често се претвора во адут во играта. Тука може само да се изрази жалење, посочи Песков.