Кремљ: Путин и Меркел остварија сериозни и детални разговори
Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа средба во палатата Мезеберг, што траеше три часа, а како што соопшти Кремљ, двајцата лидери оствариле сериозни и детални резговори.
- Беше тоа долг разговор, многу сериозен и детален, истакна портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, по синоќешната средба на Меркел и Путин.
Песков наведе дека Путин и посочил на Меркел дека е подготвен да го продолжи дијалогот со германските компании.
- Путин и Меркел детално зборуваа за билатералните односи и со задоволство констатираа дека обемот на трговската размена меѓу двете земји е во пораст, истакна портпаролот на Кремљ.
Тој наведе дека рускиот претседател за време на разговорот ги повикал европските земји активно да помогнат во враќањето на сириските бегалци во нивните домови.
- Тие детално разговараа за сириското прашање. Путин укажа дека процесот за враќање на бегалците во Сирија треба постепено да се зајакнува и ги повика еврпските земји да дадат свој придонес со цел тој процес да биде неповратен, изјави Песков.
Додаде дека било отворено и прашањето за политичко решение во Сирија.
Ново на Сител
-
ДУИ останува пред Уставен
-
Путин му даде азил на Башар ал Асад и неговото семејство
-
Утре протести поради загадениот воздух
-
Анализа: Mожат ли македонските институции да се справат со овогодинешниот снег и евентуални поплави?
-
Интензивните врнежи од дожд предизвикаа одрони на повеќе патни правци на истокот
-
Најмалку 6 вработени ја напуштиле Онкологија за половина година, а клиниката се уште чека нови вработувања
-
Ѓорѓиевски: Кандидатурата за Скопје ќе значи добивка и за Кисела Вода и за сите скопјани
-
Средба на лидерите на ВЛЕН