Свет
26. јуни 2017 - 14:55

Кремљ: Прерано е да се каже кога ќе се сретнат Путин и Трамп

Се уште е премногу рано да се каже нешто сигурно за евентуалната средба во текот на следниот месец на претседателот на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, бидејќи се уште не се направени конечните договори, соопшти денеска Кремљ.

Се очекува двата лидери првпат да се сретнат за време на Самитот на Г-20 во Германија во јули.

- Во секој случак тие (Путин и Трамп) ќе присуствуваат на ист настан, во ист град, во исто време. Ајде да го почекаме Самитот на  Г-20, но повторувам, за жал, за сега не е постигнат конечен договор за тоа, истакна портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.