Свет
17. July 2017 - 14:35

Кремљ: Немаме точни информации за судбината на Багдади

Кремљ нема точни информации дали лидерот на Исламска држава (ИД), Абу Бакр ал Багдади е убиен или не, изјави денеска портпаролот Дмитриј Песков.

Тој додаде дека за тоа има противречни информации, кои во моментот се проверуваат од соодветните служби.

Претходно, директорот на ирачката Служба за разузнавање и борба против тероризмот Абу Али ал Басари изјави дека Багдади е жив и се крие негаде во  Сирија.

На 11 јули ирачката телевизија Ал Сумарија, повикувајќи се на припадници на ИД, објави дека загинал Багдади загинал.

Во средината на јуни руското Министерство за одбрана соопшти дека лидерот на ИД и уште 300 борци се елиминирани при воздушен напад во Сирија, конкрајот на мај.