Свет
12. July 2017 - 15:28

Кремљ: Немаме никави врски со адвокатата Весељницкаја

Кремљ никогаш не бил во контакт со руската адвокатка Наталија Весељницкаја, која минатата година се сретнала со група луѓе од блиското опкружување на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

- Веќе кажавме дека не знаеме апсолутно ништо за таа приказна, дека никогаш не сме биле во контакт со таа адвокатка... Таа со нас нема никаква врска, рече Песков на прес-конференција во Москва.

Најстарииот син на Доналд Трамп минатата година се согласил да се сретне со Весељницкаја, за која му било кажано дека е адвокатка на руската Влада која може да има компромитирачки информации за тогашната демократска кандидатка за претседател на САД, Хилари Клинтон, во рамки на гласната поддршка на Москва за неговиот татко, покажуваат мејловите што синот на Трамп ги објави вчера.