Свет
21. March 2018 - 12:11

Кремљ: Нема датум за средбата Путин-Трамп, подготовките да бидат што е можно побргу

Кремљ денеска соопшти дека американскииот претседател Доналд Трамп и претседателот на Русија, Владимир Путин оваа недела се договориле подготовките за нивниот состанок да им ги доверат на министерот за надворешни работи на Русија и на државниот секретар на САД.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека не е утврден датум, но дека подготовките треба да почнат што е можно побргу.

Трамп вчера му честиташе на Путин реизбор за претседател на Русија и додаде дека тие двајца најверојатно наскоро ќе имаат средба.