Кремљ „не знае“ за руските напади врз американска база во Сирија
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска одби да ги коментира информациите на западните медиуми, според кои Русија наводно извела воздушни напади врз база во Сирија, што ја користеле американските специјални сили, пренесува ТАСС.
Песков изјави дека „Кремљ не знае ништо за овој инцидент, така што нема што да се коментарира врз основа на овие новинарски известувања“.
- Повторувам, прашањето треба да му се упати на (руското) Министерство за одбрана, рече Песков.
Американскиот бизнис весник „Волстрит џурнал“ денеска објави сознанија дека руските воени авиони минатиот месец бомбардирале зафрлена база во Сирија, што ја користеле елитните сили на САД и Велика Британија, како и на уште една локација, што се поврзува со делувањето на ЦИА.
Весникот цитираше неименувани американски претставници кои тврдат дека нападите биле изведени на 16 и на 22 јуни и дека биле дел од обидот на Москва да изврши притисок врз Вашингтон со цел да обезбеди поблиска соработка на небото над Сирија.
Ново на Сител
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори