Свет
13. December 2020 - 15:11

Кремљ: Не е точно дека Путин престојува во бункер за време на пандемијата

Претставникот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги отфрли гласините дека рускиот претседател Владимир Путин се преселил во посебен бункер за време на пандемијата на коронавирус.

– Путин живее во својата резиденција во Ново Орарјово, недалеку од Москва, доаѓа во Кремљ и повремено оди на ретки службени патувања. Технолошките средства му овозможија непречено да ги извршува своите работи и да комуницира без чести патувања, рече Песков во интервју за телевизискиот канал Росија 1, пренесува ТАСС.