Свет
31. January 2017 - 13:21

Кремљ ја обвини Украина за поткопување на мировниот договор

Кремљ денеска ги обвини украинските сили дека со вчерашниот напад врз проруските сили пробале да го поткопаат мировниот договор во источна Украина. 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека Русија е многу загрижена поради инцидентот, со кој се поткопува спроведувањето на Минскиот мировен договор. 

- Жалиме бидејќи луѓе од двете страни загинаа во овој напад, нагласи Песков. 

Песков наведе дека проруските сили го одбиле нападот, обвинувајќи ги украинските власти дека организирале офанзива со цел да го свртат вниманието кон други проблеми. 

Украинската војска синоќа соопшти дека во борбите загинале седум војници.