Кремљ: Бајден го има клучот за завршување на војната во Украина
Кремљ вчера соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден го има клучот за завршување на конфликтот во Украина, со насочување кон Киев, но Вашингтон досега не сакаше да го искористи.
-Клучот на режимот во Киев е главно во рацете на Вашингтон, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во Москва, пренесе Хина.
„Сега гледаме дека сегашниот шеф на Белата куќа… не сака да го употреби овој клуч. Напротив, тој го избира патот за натамошно „впумпување“ оружје во Украина“, додаде Песков.
Москва често го обвинуваше Вашингтон дека и наредува на Украина и го продолжува конфликтот со снабдување на Киев со оружје.
САД наведуваат дека Русија по своја волја ја почна бруталната војна и може да ја прекине со повлекување на своите сили.
Односите меѓу двете страни се спаднати на историски најниско ниво во текот на изминатата година, а САД оваа недела соопштија дека на Украина ќе и испорачаат 31 напреден тенк „М1 Абрамс“ во вредност од 400 милиони долари.
Русија наведува дека секоја испорака на тенковите „Абрамс“ ќе бидат бадијала фрлени пари, бидејќи тие ќе ги „изгорат“ исто како и другите тенкови во Украина.
Ново на Сител
-
Двајца осомничени и запленето поголемо количество марихуана на патарина на автопатот Гостивар -Тетово
-
Утре посебен режим на сообраќај во општина Аеродром
-
Груби: Знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени
-
Спасовски: Опсежни истражни мерки за копањето тунел во Идризово
-
Герасимовски: Нов концепт и локација на читалната „Ацо Шопов“
-
УХМР: В понеделник дожд, во вторник значително пониски температури
-
Најмалку 21 лице загина во торнадото што ја погоди сојузната држава Мисисипи во САД
-
МВР: Акциска контрола во угостителски објекти во Скопје - се служело алкохол на малолетници