Бизнис
16. February 2017 - 20:57

Кредитна линија од 50 милиони евра за македонските компании

Над 50 милиони евра имаат на располагање домашните компании  преку поволните кредити од Европската Инвестициска банка . Поддршката за бизнис секторот продолжува оваа и наредната година.  Парите се пласираат преку Македонската банка за поддршка и развој, со поволна камата која изнесува  5,5%.

Евтините кредити им беа достапни на македонските компании кога настана должничката криза. Од тогаш се инјектираа 350 милиони евра, пари со кои се поддржаа над 1,700 проекти и со кои се отворија речиси 7,000 работни места.

Кредити со пониска камата за фирмите најавија  и банкарите.  Намалувањето на рефернетната камата од страна на Народната банка, прво ќе ги поевтини овие кредити

Вчера Народната банка ја одлучи по трет пат да ја намали референтната камата за 0,25% и сега изнесува 3,25%, односно е на исто ниво колку што беше пред кризата, до јули минатата година. Дали ќе има намалување и на другите кредити, од банките велат, наредниот период ќе прават пресметки