Македонија
15. September 2021 - 16:43

Креативни решенија за безбедна настава во училиштата

Пандемијата ги натера училиштата да бараат креативни начини за одржување настава. Скопското осново училиште „Невена Ѓоргиева – Дуња“ дел од часовите ги одржуваат надвор во дворот, кога временските услови го дозволуваат тоа. Одеднаш се случува во дворот да има по 3 или 4 паралелки кои ја следат наставата.

Наши домаќини беа учениците од трето одделени. Часот им почна со асоцијации.

По оваа игра учеа нова и нова стихотворба.

На учениците им се допаѓа овој концепт на настава. Велат, не им пречат ниту случајните минувачи, ниту автомобилите.

„Си го следиме часот и ги слушаме наставничките што ни кажуваат и ги читаме текстовите. Денеска учевме за песничката „Децата ве молат“, вели Јана Антова.

„Игравме игра и научивме нова песна. Залепувавме одговори и тоа. Па, според мене, мислам дека сите деца да одат.“, Лука Крстевски.

„Тука, во училиште. Зашто тука е полесно“, Филип Стојановски.

Наставничките велат дека настава дека воопшто немаат проблем што наставата е надвор. За нив важно е што таа се одвива со физичко присуство.

-Во училница и тука веќе забележавте дека овие ученици се научени да носат маски од ланската година. Верувам ни причат на сите маските, меѓутоа, надвор кога излегуваме особено Физичко кога имаме ги вадиме маските. Вака кога држиме час, бидејќи сме на помало растојание затоа се задржавме на безбедноснио протокол да држиме дистанца и да носиме маска.

Се прават посебни распореди, по барање на наставниците кои паралелки и во кој дел од денот имаат настава во дворот.

-Пандемијата нас не натера да бараме иновативни или креативни решенија за изведување на воспитно-образовниот процес. Во нашето основно училиште наставниците се слободни самите да одберат која наставна содржина и по кој предмет сакаат да ја реализираат надвор од училница. Доколку содржината нели дозволува таа истата да биде обработена надвор од училница, вели директорот на училиштето Хари Стојановски.

Едно дете наставата ја следеше дома. Лап-потоп преку кој се стимаше часот беше поставен во првиот ред. По завршување на часот, столчињата остануваат во дворот за следната паралалека која ќе учи надвор.