Македонија
5. November 2018 - 11:06

Креативен хепенинг во Куманово за надминување на дискриминација врз Ромите

Здружението Национален ромски центар организираше  креативен хепенинг по повод одбележувањето на денот „Ромска Гордост“ во Куманово, како дел од проектните активности од кампањата ,,ДОСТА! Надмини ги предрасудите, Запознај ги Ромите! “ и одбележување на денот „Ромска Гордост“ поддржан од Кампањата Доста!  програма на  Советот на Европа. На хепенингот учествуваа околу 140 ученици од основните училишта од Куманово, кои цртаа, меѓусебе се дружеа и испратија пораки за надминување на предрасудите во заедниците.

– Хепенингот се организира со цел, учениците сликовито да се искажат против предрасуди, стереотипи и дискриминацијата. Учесниците на хепенингот ќе добиат маици на која ќе бидат испишани пораки, цитати, слогани или насликани креативни дела  кои беа дефинирани на работилницата. Целиот настан ќе биде проследен со музика и ќе биде документирано преку фотографии и видео материјал од кое ќе се изработи креативно видео, изјави координаторот на проектот, Ирфан Мартез.
 
Оваа е четврта година како Национален Ромски Центар ја имплементира кампањата ,,ДОСТА! Надмини ги предрасудите, Запознај ги Ромите! “ во соработка со основните и средните училишта од Куманово.

Кампањата се реализира со цел да се влијае врз перцепциите за Ромите кои се базираат на предрасуди и стереотипи преку промовирање вредности на ромскиот народ и нивниот придонес во општеството, како и создавање на подобра слика за Ромите.