Македонија
5. February 2017 - 12:12

Кражба во стан во Скопје

Непознат сторител украл 410 евра и накит вчера од стан на ул.„Козле“ во Скопје.

- Крадецот влегол во станот, сопственост на Н.Д. (70), со насилно отворање на прозорецот. Одзел 410 евра и накит и го напуштил местото стекнувајќи се се противправна имотна корист од околу 60.000 денари, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Се работи на откривање и пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на кривичното дело.