Македонија
11. January 2016 - 15:02

Кражба во продавница за бела техника во Тетово

Во Тетово на ул.„Борис Кидрич“ во продавницата за бела техника „Нептун“, вчера околу 5 часот непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот, стои во денешното соопштение од МВР, насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел седум мобилни телефони и седум лап-топ компјутери, а потоа го напуштил местото на  настанот.

Со тешката кражба сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 450.000 денари. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.