Македонија
7. March 2018 - 12:08

Кражба во продавница за бела техника во Скопје

Непознат сторител извршил тешка кражба завчера во продавница за бела техника на ул. „Тале Христов“ во Скопје.

МВР информира дека кражбата во полиција ја пријавил А.Х. (28) од Скопје. Сторителот на кражбата скршил стакло од влезната врата и одзел два телевизора и еден лап-топ, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно  расчистување на случајот.