Македонија
7. September 2015 - 12:24

Кражба во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Радишани

Во скопската населба Радишани во саботата по полноќ непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден алат извршил тешка кражба во манастирот „Свети Ѓорѓи“.

МВР денеска соопшти дека сторителот одзел 1.500 денари, 30 шишиња масло и бакарен казан, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од 20.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.