Македонија
18. September 2016 - 12:41

Кражба во Куманово

Вчера во СВР-Куманово П.К.(49) од село Тромеѓа, Кумановско пријавил дека во периодот од 5 до 17.09.2016 година во неговата куќа лоцирана  во село Дренок непознат сторител извршил тешка кражба на начин што со подесен алат насилно ја отворил влезната врата од куќата, влегол внатре и од трите простории во куќата одзел ловна пушка марка „Црвена Застава“ калибар 12мм, еден реденик со муниција, како и разновидни алкохолни и безалкохолни пријалоци. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Причинета била материјална штета од околу 20.000 денари. СВР-Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.