Македонија
9. December 2018 - 19:41

Кражба ноќеска во кланица: Влегле преку прозор, го нападнале чуварот и украле два сефа

Ноќеска околу 01 часот било пријавено дека во објект на кланица, лоциран на стариот пат на излезот од Велес кон Градско, четири лица насилно го отвориле прозорецот и одзеле два метални сефа.
 
Лицата биле забележани од чуварот И.Т. (48) од Велес, но физички го нападнале и избегале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.