Македонија
10. November 2015 - 14:06

Кражба на дрва во дебарско - Приведени неколку лица

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, ПС Дебар поднесе кривична пријава против албанските државјани Л.Л.(23) и Х.Х.(19) двајцата од селото Требиште. Против нив ПС Дебар поднесе и прекршочна пријава поради илегален премин на државната граница. На 28 октомври пријавените биле затекнати на македонска територија во бесправна сеча на дабови, јаболкови и црешови дрва во шумски терен кај местото „Црвеница“ оддалечено на околу еден километар од границата.