Македонија
9. March 2017 - 13:42

Кражба на бензинска во Скопје

Двајца непознати сторители ноќеска украле околу 28.000 денари од бензинска пумпа на улицата „Перо Наков“ во Скопје.

Како што соопшти полицијата, сторителите биле маскирани, а пред да ја извршат кражбата, во 3:10 часот, му се заканиле на вработениот со автоматска пушка. Потоа го удриле со пушката по главата и заминале во непознат  правец.

Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.