Свет
24. March 2016 - 14:53

„Кравјото лудило“ се враќа во Франција

Болеста кравјо лудило, чија појава во деведесетите години на минатиот век доведе до пад на потрошувачката на говедско месо во Европа, може повторно да се врати, откако во Франција е откриен нов „изолиран“ случај на паразитска енцефалопатија кај добитокот.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, кравјото лудило е потврдено вчера од страна на референцирана лабараторија од Европската Унија, кај крава постара од пет години на една фарма во Ардените на североистокот на Франција.

Од оваа болест меѓу 1986 и 2000 година беа заразени околу 190.000 грла добиток.

Кравата, кај која е откриена болеста не била наменета за конзумација.

Од октомври 2014 година, само говедата постари од 12 години, кои можеби биле хранети со храна со животинско потекло, се подложени на тестови, но кравата која е заразена во Ардените е родена по 2011 година.

Со овој случај, сите животни кои се поврзани по родова линија, треба да бидат усмртени 30 дена по откривањето на болеста, па и кога се наоѓаат надвор од фармата. Се очекува со овај случај да бидат усмертени стотина говеда.

Во 2015 година Франција доби дозвола за извоз на говедско месо во Саудсика Арабија, Канада, Сингапур, Виетнам и Јужна Африка, како земја каде ризикот не е голем. Но, со овај случај, таа сигурно ќе добие повторно забрана.

Оваа болест, прв пат била откриена кај говедата во 1883 година и таа може да се појави кај изолирани случаи. Во Франција последен случај беше регистриран во 2011, а во Ирска во 2015 година.