-->
-->
Крањчар нов тренер на Динамо Загреб
-->
Златко Крањчар по 18 години се врати во редовите на хрватскиот шампион Динамо. Клубот соопшти дека новиот тренер официјалната промоција ќе ја има во петок.
Играчката легенда на Динамо (307 натпревари, 125 голови), Златко Крањчар, го наследи Зоран Мамиќ на тренерската функција. Крањчар на јавноста ќе ѝ биде претставен во петок, а на официјален натпревар ќе дебитира во Скопје против Вардар, во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, на 12. јули.
Крањчар во првиот мандат како тренер на Динамо има освоено четири трофеи, а во 2002 година со Загреб ја освои шампионската титула. Прославениот тренер е единствениот кој во Хрватска барем на една сезона ја прекина доминацијата на Динамо и Хајдук.
Славнио „Цицо“ како фудбалер има гостувано во Скопје против ФК Вардар со Динамо Загреб во златните години на Ју-фудбалот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно