Фудбал
13. July 2016 - 9:17

Крањчар: Имаме одличен резултат за реваншот

Во таборот на Динамо имаше задоволсто од постигнатиот резултат.

-     Знаевме дека Вардар е добар тим, но Динамо е поискусен и за нијанса подобар. Добро „влеговме“ во натпреварот ја игравме нашата игра и заслужено постигнамве два гола. На полувреме имавме предност, а во вториот дел се играше „отворено“. Можевме и порано да го решиме дуелот, но и Вардар имаше статива и пречка. Мислам дека бевме подобри и заслужено победивме и го постигнавме тоа за кое што дојдовме, одличен резултат и победа за ревнаш, изјави тренерот на Динамо Златко Крањчар.