Џет-Сет
6. October 2019 - 14:26

Кралицата Елизабета вработува: Бара работник за месечна плата од 25.000 евра

Кралицата Елизабета бара нов коњушар и нуди плата од 25.000 евра месечно и бесплатно сместување во Бакингамската палата, но само под еден услов.

Сето она што спаѓа во должностите на коњушарот не отстапуваат од вообичаените обврски. Треба да ги храни, чисти и одржува коњите.

Меѓутоа, кралицата бара личноста да негува и голема љубов кон овие животни и која ќе ужива работејќи ја оваа работа.

Освен тој главен услов, таа личност треба да знае да јава и да управува со кочија. Покрај ова барање стои објаснување дека идниот коњушар ќе присуствува на сите церемонии кои ќе се одржуваат.

На крајот, кралското семејство истакнува дека сака доверлива личност која е подготвена да даде се од себе за коњите да изгледаат и да бидат што подобри кога ќе бидат изведени во јавност.