Македонија
29. January 2020 - 14:39

Кралицата Елизабета им ги скрати задоволствата: Им ги одзеде сите привилегии, а сега на Меган ѝ го зема и накитот

По одземањето на титулата и барањето да ги вратат парите за трошоците од поправка на куќата на принцот Хари и Меган Маркл, кои се платени со јавни пари, британската кралица Елизабета продолжила да им ги скратува задоволствата и луксузите кои младиот брачен пар ги уживаше додека не се откажа од кралскиот статус.
 
Имено, сега на поранешната војвотка од Сасекс ѝ е скратен и накитот од кралската колекција, кој Меган го обожувала. Одземен и е дури и познатиот прстен со син камен кој го добила откако се омажила за принцот Хари.
 
Кралицата првично сакала да ѝ го одземе и накитот кој Меган го носела и на денот на венчавката, а кој бил специјално направен за неа со помош на парчињата од колекцијата накит на покојната принцеза Дијана, но на крајот се предомислила и ѝ дозволила да ги задржи.