Џет-Сет
16. March 2016 - 12:58

Крај на „војната“ : Цеца и Карлеуша во недела ќе настапат на иста сцена?!

Не очекува вистински шоу, со оглед дека Дара Бубамара ќе ја имитира Јелена Карлеуша, а Милица Павловиќ ќе ја видиме како Цеца.

Звучи неверојатно , но Цеца и Јелена ќе бидат заедно на иста сцена. Шоуто „Твоето лице звучи познато“ оваа недела ќе ги „смири“ двете лути естрадни ривалки и тоа во вид на имитација.

Имено, Дара ќе ја имитира Карлеуша, а Милица Павловиќ која во оваа емисија ќе ја замени бремената Славица Ќуктераш ќе биде Цеца.

d2

-Милица само во оваа епизода ќе ја замени Славица, која минатата недела им соопшти на организаторите дека го напушта шоуто поради бременост. Задачата која ја добила Славица за имитација на Цеца ќе ја преземе Милица, но се уште не е познато кој во иднина ќе ја замени Славица. Од друга страна Дара ќе се најде во улогата на ЈК со која е скарана со години, но најавила дека ќе се потруди што поверодостојно да ја имитира – кажал извор блисок до продукцијата и додал:

milica-pavlovic-foto-srbijadanas

-Милица и Дара ќе се бакнат и ракуваат и со тоа фигуративно ќе ги смират Цеца и Карлеуша. Павловиќ и Аџиќ се надеват дека колешките нема да им се налутат поради овој перформанс, туку ќе се забавуваат токму како и публиката – навел неименуван соговорник.

svetlana-ceca-raznatovic-jelena-karleusa-hotel-avala-budva-1343345205-190427