Крај на убавото време, од утре ново невреме
Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд и појава на грмежи. Попладне врнежите ќе бидат пообилни во западните и северните делови. Ќе дува повремено умерен ветер од јужен правец. УВ=4
Температурата ќе се движи од 11 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува повремено умрен ветер од јујжен правец.
Температурата ќе достигне до 19 степени.
Под влијание на влажен бран и во сабота времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и појава на грмежи. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни, во петок во западните и северните делови, а во сабота во јужните делови. Се очекува да наврнат над 30 л/м2, а локално и околу 50 л/м2. Во сабота дневната температура ќе биде значително под просекот за овој период од годината. Од недела се очекува стабилизирање со пораст на дневната температура. Услови за локален дожд ќе има во вторник.
Ново на Сител
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата