Македонија
17. October 2016 - 18:15

Крај на убавото време, од утре нови врнежи

Времето во Македонија утре ќе биде облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Во текот на ноќта и во среда претпладне ќе има врнежи од дожд, кои во северните делови повремено ќе имаат умерен интензитет. 

Температурата ќе се движи од 10 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со слаб до умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе достигне до 17 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен југоисточен ветер, а локални врнежи од дожд се очекуваат во петок и во сабота.