Свет
7. јуни 2018 - 10:32

Крај на светот на Хаваи: Лавата срамни 279 куќи, целиот залив го претвори во копно

Поради најновата ерупција на вулканот потполно е уништена населената област во близина на хавајскиот Голем остров, а заливот кој се наоѓаше меѓу таа област и Големиот остров е претворен во нова земја.

 

 

Таа област е сега потполно прекриена со вулкански карпи, а само неколку куќи „преживеаја“ на една од плажите, Капохо, соопштија официјалните лица и научниците од американскиот Геолошки институт.

Врз основа на документите, утврдено е дека во таа област имало 279 куќи.

Областа целосно исчезна и нема никакви докази за било какви куќи. На север од таа област останаа само неколку куќи во областа околу Капохо плажата, соопштија од Институтот.

Научниците и натаму ги бележат активностите на вулканот и наведуваат дека не е можно да се каже кога ќе запре.

Како што е наведено, активноста на вулканот дополнително ја засили земјотресот со јачина од 5,6 степени по Рихтер кој дополнително го засили излевањето на лавата.