Џет-Сет
15. March 2018 - 14:47

Крај на бракот на најпознатата старлета: Се разведуваат Ким Кардашијан и Канје Вест, а ова е причината

Најпознатата светска старлета Ким Кардашијан е пред развод, прашуваат светските портали.

Како што пишуваат неколку светски медиуми, по четири години врак, таа повеќе не може да го поднесе однесувањето на својот сопруг Канје Вест.

Се почест е неконтролираниот бес кој Вест го покажува кон својата сопруга. Препрека имало и во идејата за дополнително проширување на семејствоот зошто Ким сакала четврто дете, а Канје не сакал. Испадите биле премногу чести, откако на свет дојде нивното трето дете Чикаго.

„Животот со него е тежок. Воопшто не и помага околу децата, постојано е нерасположен, стана зависен од таблети без кои не може да функционира“, рече извор близок до двојката за ТМЗ.