Македонија
13. December 2015 - 11:23

КрафтАРТ Фест во Старата скопска чаршија

Триесеттина креативни занаетчии и ракотворци ќе се претстават на овогодинешниот КрафтАРТ Фест што ќе се одржи денеска во хотелот Арка во Старата скопска чаршија.

Рачно изработени производи и додатоци, накит, производи од стакло, чанти, модни додатоци... се дел од ракотворбите што ќе бидат изложени и достапни за продажба на овогодинешниот КрафтАРТ.