Македонија
15. October 2021 - 17:19

Краделе во куќа и ги нападнале сопствениците - кривична за двајца кумановци

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.И.(29) и В.И.(20) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.

На 30.08.2021 на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, пријавените влегле во куќа сопственост на М.З. и У.З., одзеле предмети и физички ги нападнале сопствениците, кои ги затекнале на местото.