Македонија
1. December 2022 - 11:35

Краделе од контејнери на воз, уапсени двајца кумановци

Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода двајца кумановци.

Како што информира МВР, К.А.(24) и О.Ј.(30) се сомничат дека извршиле кражба на Железничката станица во Куманово, при што од контејнери на воз одзеле различни технички предмети.

- Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.