Крадецот во црквата во Горна Бошава украл околу сто илјади денари
Крадецот во црквата во кавадаречкото Горна Бошава украл околу илјада и петстотини евра во денарска противвредност, книжни и железни, ги оставил само петденарките. Ова го откриваат за МИА жители на селото во кое пред седум месеци беше ограбена црквата, барајќи информации за тоа дали е фатен крадецот.
Не се знае дали тој немал време да ги земе и петдинарките, не ги забележал, или пак станува збор за суеверие.
- Во врска со тешката кражба во црквата „Свети Илија“ во село Горна Бошава, Кавадаречко, што се случила во периодот од 15.10 до 30.10.2017 година, Ве известуваме дека од страна на Полициската станица Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, на 30 април 2018 година е поднесена кривична пријава против лицето О.В. од Кавадарци, стои во писмениот одговор што до МИА го испратија од Министерството за внатрешни работи
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари