Македонија
9. August 2020 - 12:34

Крадците оперирале и додека граѓаните беа под карантин: За три месеци МВР регистрира речиси 1.500 тешки кражби

Додека граѓаните имаа ограничено движење поради полицискиот час воведен за превенција од ширењето на коронавирусот, крадците не мируваа. 

За само три месеци, од средината на март до средината на јуни на целата територија на Република Македонија извршени се 1.453 тешки кражби, 482 кражби, а украдени се 56 возила. 

Од МВР за Сител велат дека најголема мета на крадците се возилата од каде биле одземени најмногу предмети. Но, се крадело и од станови, куќи и викендици. 

Целосниот извештај ќе го гледате во Вестите во 16:00 часот.

 

Даниел Василев