Македонија
17. April 2017 - 12:40

Крадците не мируваа за Велигден - Ограбен скопјанец

Крадците го искористија празникот и се фатија за работа, а на удар беше стан во скопска Кисела Вода. Полицијата денеска информира дека во 18 часот и 35 минути В.П. од Скопје во полицијата во Кисела Вода пријавил дека ноќта 15. кон 16. на улицата „Жил Верн“, неговиот стан бил ограбен од страна на засега непознат сторител.

На скопјанецот му бил одземен пиштол „ХС“ и еден празен оквир.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.