Живот
30. July 2017 - 13:47

Крадци влегле во двор, а тој за своето семејство направил нешто неверојатно - тажно и храбро

Кучето не е само домашно милениче, туку и член на семејството.

Во градот Мераук, во Индонезија, Ачи Виџаја го пронашол своето куче пред умирање, во дворот на семејната куќа.

Набрзо сфатил дека неговиот мал пријател е отруен.

Ова храбро куче го штител домот од разбојници, што на крајот го чинело живот. Таа ноќ, Ачи го слушнал како лае. Меѓутоа, тоа често се случувало поради мачката на соседите, па не обрнал многу внимание.

Утрото го пронашол со пена во устата, а за помош веќе било прекасно.