Македонија
29. October 2017 - 11:33

Крадци ограбиле Јапонец на Камениот мост

Неколку непознати машки лица вчера го ограбиле С.М. од Јапонија, додека се движел по Камениот мост во правец кон Старата чаршија. Крадците му одзеле 25.000 денари и 5.000 јапонски јени.

Како што информира денеска МВР, крадците го пресретнале С.М., а еден од нив му рекол да им покаже јапонски пари.

- С.М. го извадил паричникот во кој имал 25.000 денари и 5.000 јапонски јени, а едно од лицата му го грабнал паричникот и избегало, се наведува во МВР Билтенот. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.