Македонија
24. November 2017 - 13:53

Крадци однеле пари и бела техника од куќа во битолско

Непознат сторител вчера во периодот од 10:00 до 18:20 часот извршил грабеж во куќа во битолското село Ивањевци од каде одзел пари, пиштол и бела техника. 

Како што информира МВР, грабежот бил направен во куќата на Т.Л. (63), а непознатиот сторител влегол внатре преку балконската врата која била отворена и одзел околу 27.000 денари, пиштол марка „ЦЗ М-88“ калибар 9 мм и дозвола за поседување на оружје, еден ДВД плеер  и ресивер.

Извршен е увид на место на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.