Кошарка
6. November 2015 - 13:10

Кожув и Митев „раскинаа„

По серијата од три порази во домашното првенство и два неуспеха во БИБЛ лигата Боби Митев го напушти кормилото на Кожув.
 
Гевгеличани ја отоврија сезоната  со убедлива победа над Работнички, но потоа следуваше низа од три порази, од Фени индустри, од МЗТ Скопје и од Карпош соколи.
Загубениот натпревар на домашен терен од екипата на Карпош Соколи најверојатно беше клучен за раководството на клубот, по што беше завршена соработката со Митев.
 
Кожув исто така ја прекина соработката и со својот најсплатен кошаркар Ратко Варда.