Македонија
25. јуни 2021 - 12:21

Ковид пандемијата двојно го зголеми бројот на социјални случаи

Ковид пандемијата енормно  го зголеми бројот на социјални случаи во Охрид.Многу семејства кои поради влошениот економски статус останаа без работа беа принудени да побараат помош од државата.За разлика од лани кога во центарот за социјални работи биле евидентирани 364 домаќинства годинава бројката е скоро повеќе од удвоена и изнесува 805.

Повеќе од случаите се семејства но има и самци кои користат социјална помош.  Пандемијата најмногу ги погоди оние со еден вработен во домаќинството.

 Минималната помош зависи од бројот на членовите во домаќинствата и се движи од 4000 денари за самци до 14. 000 денари за петточлено и повеќечлено семејство.Од Центарот за социјални работи посочуваат дека зголемени се барањата и за еднократна парична помош за лекување.