Свет
28. February 2021 - 21:17

Ковид-19: Во светот оздравени над 90 милиони луѓе

Бројот на луѓе оздравени од коронавирус во светот надмина 90 милиони, односно 90.218,000 лица

Според податоците на веб-страницата „Ворлдметерес“, четирите земји со најмногу случаи на инфекција со коронавирус, исто така, забележале најголем број на оздравени пациенти.

Во САД оздравеле 19.632,523 лица, во Индија 10.775,169, во Бразил 9.386,440 и во Русија 3.811,797. Следува Велика Британија со 2.846,208, Шпанија 2.647,446, Турција 2.565,723, Италија 2.398,352, Германија 2.248,400 и Колумбија со 2.145,450 закрепнати.

Во светот има 21.914.,10 случаи на инфекција со коронавирус. Досега 114.453,166 лица биле заразени со коронавирус, додека од Ковид-19 починале 2.538,838 лица.