Балкан
21. November 2020 - 21:06

Ковид-19: Во Србија во пораст бројот на заболени и бројот на починати

Во последните 24 часа биле потврдени 5.774 нови случаи на коронавирус кај 16.938 лица во Србија, а 28 лица починале.

Според новите податоци на Министерството за здравство на Србија, има 209 пациенти на респиратори.

Вкупно 116.125 лица се заразени во Србија од почетокот на епидемијата, од кои 1.168 починале.

Процентот на смртност е 1,33 отсто.