Loading Video...
Свет
5. May 2020 - 19:35

Ковид-19 во Европа пристигнал еден месец порано, велат француските доктори

Ковид-19 во Европа пристигнал еден месец порано, велат француските доктори. Во оваа земја вирусот бил присутен уште од декември,а не јануари.  Докторите  тестирале 24 пациенти кои во текот на овие два месеци се лекувале во болница од пневмонија. Резултатите покажале дека излекуваните немале грип. Но подеталните анализи покажале дека еден од нив бил позитивен на Ковид-19, иако во тој период не патувал во странство.

Тој не ја заразил жена му, која на работа имала контакт со лица по потекло од Кина. Но позитивни на вирусот биле неговите две деца. Неговиот доктор вели дека не очекувал ваков пресврт.

Со оглед на фактот дека дел од европските земји веќе почнаа да ги ублажуваат мерките, шведските епидемиолози предупредуваат дека оние земји кои ќе излезат од карантин за време на вториот бран ќе имаат поголем број на заразени и починати лица.

Вистинската епидемија е невидлива и е присутна цело време околу нас. Друго нешто што се однесува на ограничувањето на движење е дека кога ќе се тргнат мерките ќе се зголеми бројот на заразени, па така земјите кои до сега бележеле помала стапка на смртност, по отстранувањето на мерките за забрана за движење ќе имаат зголемена стапка на смртни случаи.

Шведска е позната поради тоа што одлучи на поинаков начин да се бори против вирусот, без да воведе карантин. Поради тоа многумина сметаа дека шведскиот модел е неетички затоа што се жртвува најчувствителниот дел од популацијата, постарите луѓе и хронично болните.

Во меѓувреме Шпанија, Франција и Јапонија најавија дека ќе ја продолжат вонредната состојба.

И додека светот бара вакцина, група научници тврдат дека антитела од лама можат успешно го спречат вирусот да не го нападне човечкиот организам.