Свет
15. March 2020 - 10:37

Ковид-19: Шпанија и Италија со построги мерки, Трамп не е заразен

Шпанија и Франција воведуваат уште построги мерки за борба против ширењето на новиот коронавирус, бројот на смртни случаи се уште се зголемува во Кина, додека САД ја продолжуваат забраната за патувања како дел од итна реакција воведена од американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена.

Во моментов, вкупниот број на вируси заразени корони во светот е околу 153.864 лица, додека 5.800 починале.

Владата во Шпанија планира да ги стави своите 47 милиони жители под делумна изолација од понеделник, како дел од 15-дневниот план за вонредна состојба.

Франција, поради вирусот Ковид-19 ќе ги затвори продавниците, рестораните и местата за забава од денеска, а 67 милиони жители во државата треба да останат во своите домови бидејќи бројот на новозаразени   двојно се зголеми за 72 часа.

Националната здравствена организација во Кина потврди за 20 нови случаи на заболени од вирусот  додека вкупниот број потврдени случаи во таа земја достигна 80.844 лица. Бројот на починати од вирусот во Кина достигна 3. 199.

Во САД, резултатите од тестовите покажуваат дека претседателот Доналд Трамп не е носител на новиот коронавирус. Тоа го соопшти неговиот личен лекар Шон Конли.
 
Покрај Италија, Шпанија со 5.753 нови случаи е втора најтешко погодена земја во Европа. Бегонја Гомез, сопругата на шпанскиот премир Педро Санчез е заразена со Ковид-19, соопштија од Кабинетот.

Британската Влада ќе забрани јавни и масовни собири од следната недела, додека германската Влада ги повика   граѓаните кои се враќаат од Италија, Швајцарија и Австрија да се изолираат во период од две недели.

Норвешка затвора пристаништа и аеродроми додека Руската Федерација ги затвора своите граници со Полска и Норвешка за странски државјани како претпазливост.

Чешката Влада ги затвори повеќето продавници и ресторани за десет дена.

Во Турција веќе се регистрирани шест заразени од Ковид-19.

Словенечката Влада донесе одлука за запирање на јавниот транспорт и затворање на сите ресторани и кафеани поради коронавирусот. Железничкиот и автобускиот поревоз прекунуваат од понеделник. Работата на таксистите ќе биде редуцирана.

Владата на Литванија воведува карантин во цената држава за да се бори со ширењето на новиот коронавирус. Мерката влегува на сила од понеделник. Се затвораат границите за странци.

Израел ги затвори училиштата, кината и други објекти што не се од првостепено значење за животот во државата.

Главннот град на Филипини – Манила – останува под карантин. Илјадници полицајци и војска се грижат за почитување на наредбите на државниот врв во градот во кој живеат околу 12 милиони жители. Таму има 111 заразени и осум починати.

Во Јапонија стапи на сила закон со кој се забранува препродажба на маски за лице.

Австралија – Сите странци кои доаѓаат во државата ќе бидат во карантин за 14 денови.