КОВИД-19: Македонија на европскиот врв според смртноста од корона вирусот
Македонија и натаму го држи европскиот врв според смртноста која ја предизвикува коронавирусот. Според последните податоци, во цела Европа само Црна Гора која има нешто повеќе од 600.000 жители и двајца починати вчера имала полоша статистика од Македонија. Во оваа земја вчера биле регистрирани нешто над 3 жртви на милион жители. Втора во Европа е Македонија со 2,5 починати на милион жители по следи Романија со нешто помалку од двајца.
Земјава е во топ 10 во Европа и според вкупниот број на починати на милион жители од почетокот на кризата. Најлоша е сликата во Белгија каде од март до сега починале близу 10.000 луѓе што е 857 жртви на милион жители. Македонија се наоѓа на деветтата позиција со вкупно 544 жртви или 261 починат на милион жители.
Намалениот број на тестови во текот на вчерашниот ден го спушти бројот на нови случаи под 100, но она што е позитивно е намалувањето на вирулентноста односно фактот дека помалку од 10% од спроведените тестови дале позитивен резултат. Од почетокот на пандемијата Министерството за здравство спровело вкупно над 120.000 тестови од кои секој десетти бил позитивен.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација