Ковид-19: Кина прва во светот според направени тестирања, Велика Британија прва во ЕУ
Од почетокот на пандемијата на коронавирус, Кина направи повеќе од 90 милиони тестови за Ковид-19, што ја става на прво место во светот во однос на тестирањето, а Велика Британија е прва во Европската унија (ЕУ) со околу 15 милиони теста.
На второто место во светот по бројот на направени тестови е САД со над 78 милиони, на третото место е Индија со околу 38 милиони, на четвртото место е Русија со повеќе од 35 милиони тестови, додека на петтото место е Велика Британија, која предводи во ЕУ.
На шестото место со околу 14 милиони тестови е Бразил, на седмото место е Германија со околу 11 милиони, а на осмото и деветтото место се Шпанија и Италија со по околу осум милиони тестови.
.Списокот на десетте земји со најголем број тестови за Ковид-19 завршува со Обединетите Арапски Емирати и над шест милиони тестови спроведени во таа земја.
Досега во светот се регистрирани над 24 милиони позитивни на новиот коронавирус, од кои околу 830.000 починале како резултат на болеста, а речиси 17 милиони оздравеле.
Ново на Сител
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас