Фудбал
11. May 2020 - 20:50

Ковид-19 ја поларизира Лигата на шампионите?!

 Сите европски федерации имаат големи проблеми да ги усогласат календарите за одигрување на натпреварувањата. Таков проблем има и УЕФА па се почесто се слушаат различни сценарија за привршување на ЛШ и ЛЕ  и стартот на новата сезона во европските натпреварувања. 
Според англискиот тајмс роковите ги газат не само националните првенства туку и европските купови откако никој немаше храброст да означи целосен прекин на фудбалот и да се фокусира на организацијата и стартот на новата сезона. 
Пандемијата предизвика сериозни организациски но и финансиски проблеми па најголемите европски лиги се уште не се откажуваат од финиширање на сезоната.
Од тие причини УЕФА според Тајмс има три сценарија за старт на новата сезона од кое најлошото е одигрување на плеј-оф рунда на екипите од најсилните шампионати и потоа директно формирање на групите што секако би бил голем удар врз сиромашните шампионати кои нема да учествуваат во ова сценарио со што клубовите од тие земји не би ги добиле пари за европските пласмани. 
Втората бомба денеска ја пушти англиски Сан кој  најави формирање на европска Супер лига на најбогатите клубови што сигурно нема да им се допадне на УЕФА и ФИФА. 
Тоа би била затворена лига со максимум 22 екипи во која би било тешко да се влезе а ѕвездите на овие екипи не би можеле да настапуваат на континенталните и светските првенства. 
Најавено е дека богати спонзори од арапските земји, потоа Кина и САД се подготвени да инвестираат милијарди во ваква лига која сигурно ќе го загрози опстанокот на ЛШ. 
Очигледно дека корона кризата ги забрзува некои сценарија кои што постојат уште од порано- пишува САН.