Ковачки: Шекеринска призна дека згрешила и заради тоа немаме воен претставник во НАТО, време е за оставка
Добивме одговор дека некој некаде погрешил во процедурата за избор и испраќање на нашиот највисок воен претставник во НАТО.
Во духот на “транспарентоста и отчетноста” пред јавноста, на Шекеринска и’ требаа цели 11 денови и постојан притисок за да се одважи и да меѓу редови каже дека сепак погрешила.
После 11 дена молк и игнорирање од страна на Министерот за одбрана, денеска слушнавме дека овојпат нема да брзала со избор на ново лице - кандидат, туку ќе почекала додека не завршат сите процедури за сите кандидати што барале НАТО безбедносни сертификати, па од нив ќе бирала кој ќе замине во НАТО.
Со самото тоа се потврдува нашата теза дека првичното номинирање и избор на кандидатот било грешка и истото се должи на непрофесионалност и на политизација на процесот, односно на субјективизам при одлучувањето.
Е сега, останува да се понесе одговорност за јавната бламажа на Македонија на меѓународна сцена и да се утврди зошто, кој и каде погрешил.
Секако, Министерот за одбрана е таа која мора да понесе политичка одговорност и да поднесе оставка како што тоа би било случај во било која држава од цивилизираниот, односно демократскиот свет.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Заев: Борбата за правата на жените почнува од секој од нас поединечно
-
КЗБ предлoжи воведување полициски час во цела држава од 22 часот навечер до 5 часот наутро
-
Запленети околу 14 килограми хашиш на ГП Деве Баир
-
СДСМ: Мицкоски нема капацитет за заедништво, сите негови кочници се поразени
-
ВМРО-ДПМНЕ: Треба да му биде јасно на Зоран Заев дека крајот на неговата политичка кариера му се ближи
-
Грција забрани влез за државјани на трети земји за уште две седмици
-
Градоначалникот на Штип во самоизолација по контакт со заразен пациент
-
Синдикатот на полиција го честита Денот на жената 8 Март